Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Ирена Крушка без влакна на јазикот ги исплука сите

Ирена Крушка без влакна на јазикот ги исплука сите

SHARE

Таа е редовно критикувана, а неколку пати и мета на напади од пејачите во Србија.

Заканите и се секојдневие. За разлика од нејзините колеги, не само во Србија, туку и на Балканот, Ирена Крушка важи за водителка која нема влакна на јазикот.

Пејачите во Србија за неа велат: Не дај боже Крушка да те погледне попреку!

И со право. Храбрата и искрена, Ирена Крушка, пред објективот на Екстра Ексклузив отворено зборуваше за сите работи што се случуваат во српскиот „џет сет“, а за кои другите малку знаат!

1. Ирена зошто реакции кога ќе кажеш или напишеш нешто што не им одговара на пејачите?

Кога ќе ја кажеш вистината, некој знае да реагира. Посебно нашите пејачки. Морам да признаам дека машките се малку поразлични. Патат од амнезија, кога ќе дојдат до одреден статус на ѕвезди. Тогаш одеднаш ги фаќа амнезија, па забораваат каде биле и што работеле.
Јас не ја гледам причина да ја бришат или менуваат сопствената биографија на животот, па тука се наоѓам јас како најпаметна на одредено време да ги потсетувам каде биле и што работеле. И ден денес мене на секој чекор ме критикуваат поради фактот дека секаде го кажувам своето мислење, но што е човекот без став? Ние малку од тоа имаме во живот и мораме да се бориме со разни компромиси во светот кој не го биравме, да не се лажеме

2. Кое е твојот став за моменталната ситуација на српската музичка сцена?

Ние имаме некоја несреќа да добрите пејачки кај нас, според мене, не ја направиле кариерата која ја заслужиле. Ивана од Негатив е според мене најдобриот пејач ма просториите на поранешна Југославија. Да се разбереме. Таа има пристојна кариера, не само во групата ТАП 011, туку и сега во групата Негатив, но просто мислам дека можеше и заслужува многу повеќе медиумско внимание и многу повеќе фанови. Тука се Тања Јовичевиќ која е брилијантна, Марија Михајловиќ, Тања Бањанин, Маја Марковиќ, тоа се сите сериозни пејачи кои некако … Тука е и Маја Оџаклиевска … Оние кои беа најдобри, најверојатно поради својот талент, бидејќи сите кои се талентирани мислат дека е доволно тоа што се талентирани, јас знам по себе и тогаш не се трудиме повеќе, е тоа е можеби проблем, а од друга страна имаме и ѕвезди кои знаат да пеат, како што е Лепа Брена, која не трае случајно колку што трае, феноменалниот Здравко Чолиќ кој по мое мислење каде и да се родил би бил „фаца“. Таков беше и Тоше Проески. Да се родел и во Париз, Лондон, Њујорк, тој би бил ѕвезда. Но, тоа е тоа. Мислам 5 луѓе. Сите останати се пролазни, барем по мене.

3. А останатите?

А ова денеска што не е ни таму, ни ваму, мене не ми е баш јасно.

Јас никако не можам да се поистоветам со текстот „ќе ти родам син, под светлата на казиното“. Јас не се пронаоѓам во таа песна и мене навистина ме интересира да ги видам тие „риби“ кои се наоѓаат во тие песни.

4. Постојат ли „старлети“ на вашата естрада?

Убаво е кога ќе видиш жена што знае да пее, па и добро изгледа.
А кога ќе ги видиш другите како пеат, а тебе не ти добро, веднаш одиш на „mute“. Toa e добро, но што се тие? Мислам старлета е поубаво име, за таа што нема така убаво име, иако е чесна работа, но тоа што тие го прават … Мене ми е само криво што девојчињата кои имаат 17 или 18 години земаат пример од нив, а да бидам искрена пола од нив јас не знам кои се и добро што е така. Тие се надеваат дека еден ден ќе бидат како Памела Андерсон. Се надеваат на јахти, авиони, камиони, тетовирани рокери и живеат во заблуда дека Хју Хефнер ќе ги повика и ќе им каже: Тебе те чекам! Па не е ова Америка, да не се лажеме.

5. Кој е крив за тоа?

Ние од нив правиме, односно ние сме криви што од нив правиме некои „риби“. А, тоа се всушност … Односно, таа е дел од некој „голем договор“ и да не кажам што и направил некој полу криминалец за да одеднаш стане „риба“.Кај нас се 90 % вештачки ѕвезди. Ќе ме нападнат подари ова. Знаеш што? Полесно ми е да кажам кои не се.

6.Зошто тогаш упорно си го бараат со години своето место на естрадата, односно со што се занимаваат со оглед на тоа што ретко издаваат квалитетни песни?

Со што се занимаваат? Па се занимаваат со промоција на своите физички атрибути. Таа ги „промовира“ своите нозе, своето деколте, својот задник, ретко промовира било какви други вештини. Зашто? Затоа што тоа што го поседува и овозможува некој богаташ кој малку ќе „кешира“ за да таа се слика, па ако има среќа ќе се омажи, ако не, ќе замине во заборав и ќе дојде нова.

Автор: Ване Маркоски

РЕКЛАМИ:
Loading...