Home INFO Искусните патници советуваат: Не го носете ова додека патувате со авион

Искусните патници советуваат: Не го носете ова додека патувате со авион

реклама:Велигден со Стаф

Облеката и додатоците кои ги носите со себе додека патувате со авион треба да се внимателно одбрани, доколку сакателетот да ви е попријатен и поудобен.

Многумина, сакајки да стигнат уредни и дотерани на посакуваната дестинација, избираат стајлинг кој е сосема несоодветен при патување со авион.

Еве што треба да избегнувате да облечете, советуваат искусните патници:

Накит и тешки додатоци

Доколку имате премногу накит, ќе ви е побарано да го тргнете при скенирање на аеродромот, процесот ќе биде многу покомплициран и ќе направите метеж.

Со многу накит на себе патувањето ќе ви биде неудобно.

Тесна облека

Тесната облека во никој случај не е удобна за патување, особено кога летате, бидејќи телото природно отекува, па нема да ви биде пријатно.

Облечете еластични материјали, спортски комплети, стилски панталони и слично.

Кратка облека

Не носете кратки шорцеви, здолништа и облека без ракави бидејќи може да биде студено во авионот. Практикувајте облека во слоеви.

Парфеми

Не претерувајте со парфемот. Она што ве освежува вас може да биде тортура за другите, а некои патници може да бидат преосетливи или алергични на некои состојки и мириси.

Високи потпетици и апостолки

Потпетиците можат да ви предизвикаат проблеми во случај на евакуација или брзање, а исто така не се удобни.

Апостолките исто така не се многу удобни ако треба да трчате а не се препорачува нозете да бидат разголени поради бактериите, како и можноста од пониска температура.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------