Home ЗАБАВА Занимливости Исповед на девојка која го даде своето дете на посвојување

Исповед на девојка која го даде своето дете на посвојување

SHARE

Непланираната бременост се случува често, особено меѓу младите девојки, но за таа сериозна работа, која со себе носи многу тешки одлуки и која дефинитивно го менува животот, вообичаено се молчи.

Една студентка без срам го подели своето искуство со светот.

Кога 25-годишната американска студентка по фотографија Кали Мишел октрила дека е бремена минатиот март, таа и нејзиното момче мислеле дека ќе го задржат детето и ќе почнат нов живот како семејство.

Но, два месеци подоцна нивната врска се распаднала. Така оваа студентка на Универзитетот во Ајова ја донела болната одлука да го даде своето бебе на посвојување, бидејќи таа и нејзиното поранешно момче заклучиле дека се емотивно незрели за да бидат родители.

Младата мајка го документирала своето искуство, од бременоста до деновите по породување, со моќни слики кои ги покажуваат нејзината несигурност, страв, дилеми и радоста на крајот кога го предала детето на вљубен пар.

Нејзините фотографии можат да се видат на сајтот dailyiowan.com, на кој таа ја раскажа својата приказна, под насловот „Моето бебе, не е мое дете“.

Два месеци по породувањето снимила и кусо видео во кое појаснува колку била усплашена и возбудена кога дознала дека е бремена, како во почетокот не била во состојба да го прифати предогот на нејзиното поранешно момче да го даде нивниот син на посвојување.

Потоа размислила дали е во состојба на вистински начин да се грижи за своето дете и сепак одлучила да се обрати до Агенцијата за посвојување, која ги пронашла идните родители на нејзиното дете.

– Луѓето ми зборуваа: Зошто тоа би го сторила? Зошто едноставно не би го задржала, зошто не би се грижела за него?, раскажува Кали Мичел.

– Луѓето мислат дека треба да го задржиш детето, само затоа што си го родил. Јас сметам дека детето треба да ги има најдобрите можности кои можат да му се пружат и доколку јас тоа не можат да му го пружам, постојат семејства кои многу сакаат дете, но не можат да го имаат и кои можат да му овозможат се што не може биолошкиот родител, додава таа.

Нејзината приказна за време на бременоста ја раскажа и во три видеа. Погледнете…