Home КУЛТУРА Настани Изложба на фотографии од Фото клубот Марибор во Кинотека

Изложба на фотографии од Фото клубот Марибор во Кинотека

SHARE

Изложба на фотографии од Фото клубот Марибор, Словенија, ќе биде отворена во денеска вечер во Кинотеката на Македонија.

На изложбата насловена “фотографи” ќе бидат претставени најдобрите остварувања на членовите од Фото клубот Марибор, еден од најстарите и највлијателните фото клубови во Словенија, а изложбата ќе ја отвори Амбасадорот на Р. Словенија Ален Брајан Бергант.

Во петок фото клубот Елема од Скопје ќе се претстави со фотографии од своите членови во Универзитетската библиотека во Марибор.

Изложбата е организирана од Фото клубот Елема, Скопје, во соработка со Словенечката амбасада во Скопје и со Кинотеката на Македонија, поддржана од Фото сојузот на Македонија.

Макфакс

РЕКЛАМИ:
Loading...