Home КУЛТУРА Настани Изложба за архитектот Кензо Танге

Изложба за архитектот Кензо Танге

SHARE

Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот „Американ колеџ“ во соработка со Јапонската амбасада денеска организира мултимедијален настан, со наслов „Пол Норитака Танге: Кензо Танге и Скопје“.

Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена изложба „Кензо Танге и Скопје“ за претставување на животот и делото на јапонскиот архитект Кензо Танге (1913-2005), како еден од назначајните светски архитекти на 20 век.

Во 1966 со група јапонски архитекти тој го дизајнираше Урбанистичкиот план за реконструкција на центарот на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963.

Почесен гостин на изложбата е синот на архитектот Танге – Пол Норитака Танге, кој е реномиран архитект во Јапонија.

Претседател е на архитектонското студио Tange Associates од 1985, основано во Токио од неговиот татко. Тој денеска ќе одржи предавање и ќе биде прогласен за почесен доктор на Универзитетот „Американ колеџ“.

– Со предавањето и изложбата, чија цел е претставување на животот и делото на јапонскиот архитект Кензо Танге, Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје, Факултетот за архитектура и дизајн, му оддаваат заслужена почит на Кензо Танге, информира организаторот.

РЕКЛАМИ:
Loading...