Home КУЛТУРА Настани Изложба и дружење со Пипи Долгиот Чорап на Саемот за книга

Изложба и дружење со Пипи Долгиот Чорап на Саемот за книга

SHARE

Амбасадата на Шведска во рамките на Саемот на книгата денеска ја отвори изложбата „Шведската крими сцена“ и организира дружење со Пипи Долгиот Чорап.

Изложбата ќе биде отворена до 11 мај, на штандот на амбасадата во халата 1, а посетителите имаат можност да разгледаат шведски пејсаж, од север до југ.

Ќе ги запознае со писателите на крими литературата и нивните дела, преведени на повеќе од педесет светски јазици, меѓу кои и на македонски и албански.

Во детското ќоше на штандот на Амбасадата најмладите ќе може да се дружат со Пипи Долгиот Чорап преку приказните за неа, да цртаат и да се забавуваат, со што ќе биде одбележан 70-тиот роденден на детската хероина од книгите на Астрид Линдгрен.

Бидејќи оваа година се навршуваат 70 години од креирањето на Пипи Долгиот Чорап има детско катче каде децата од 12 до 14 часот секој ден можат да дојдат да им биде читана Пипи, да се дружат со игрите врзани за Пипи и да цртаат и бојат, а нивни цртежи ќе бидат изложени на ѕидовите од штандот.

Шведскиот писател и поранешен дипломат во Македонија Андреас Норман утре ќе одржи предавање „Што е потребно за да се напише бестселер трилер“.

РЕКЛАМИ: ---