Home КУЛТУРА Настани Изложба „Македонија во Првата светска војна“ во Воениот музеј во Стокхолм

Изложба „Македонија во Првата светска војна“ во Воениот музеј во Стокхолм

SHARE

Во Воениот музеј во Стокхолм утре ќе биде отворена изложба „Македонија во Првата светска војна“ која ја подготви Државниот архив на Република Македонија

На отворањето на изложбата ќе се обратат Александра Наќева Ружин, амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска, и Ева-Софи Ернстел, директор на Воениот музеј во Стокхолм.

Како што соопшти Архивот, изложбата е дел од проект на Воениот музеј во Стокхолм започнат во 2014 година по повод одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Во рамките на тој проект, Воениот музеј во Стокхолм досега ги претстави изложбите на Австрија, Холандија и Србија, а се во подготовка изложбите на Русија, Белорусија и Чешка.

Планирано е изложбите на оваа тема да се одржуваат во текот на наредните четири години, како симболика на траењето на Војната.

Изложбата „Македонија и Првата светска војна“ во Стокхолм ќе може да се посети до февруари 2016 година.

РЕКЛАМИ:
Loading...