Home КУЛТУРА Настани Изложба на ликовни дела од лица со телесен инвалидитет

Изложба на ликовни дела од лица со телесен инвалидитет

SHARE

Во мултифункционалниот објект Порта Македонија денеска ќе биде отворена изложба на ликовни дела изработени од академски сликари и талентирани лица со телесен инвалидитет, организрана од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Ликовните дела се изработени за време на VI-та Меѓународна ликовна колонија во Охрид во организација на Мобилност Македонија.

Целиот проект го стимулира ликовното творештво на лица со телесен инвалидитет кој творат истовремено со академските сликари, и при тоа се анимира и пошироката јавност пред која се промовираат сликарските способности на лицата со телесен инвалидитет.

Нејзиното организирање има претензии да покаже и докаже дека креативните потенцијали на лицата со телесен инвалидитет се многу поважни од предреасудите дека техничката изведба е најважна. вј/