Home КУЛТУРА Настани Изложба на Стефан Димовски во Музејот на Град Скопје

Изложба на Стефан Димовски во Музејот на Град Скопје

SHARE

Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на акварели од Стефан Димовски од Скопје.

На оваа самостојна изложба ќе бидат презентирани акварели во кои авторот соопштува една своја ликовна приказна исткаена со сегменти од опкружувањето и животот воопшто.

Тоа се дела со различна мотивска определба, како пејзажи, потоа серија на градби / дела насловени како импресии од Франција/ и актови.

Роден 1983 година во Скопје. Почнува сериозно да работи акварел од 1995 година. Учествува на повеќе групни изложби на слики и акварели во Сан Рафаел, но исто така своите дела ги изложува во повеќе Галерии на југот од Франција. Во 2010/11 година влегува во 11-то издание на Италијанскиот Интернационален каталог за Модерна уметност MDS catalog internazionale d’arte moderna no 11-editrice d’arte cida roma.

Во 2011 година добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12-от саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција.

РЕКЛАМИ: ---