Home ШОУ БИЗз Балкан Ја победи Тијана Дапчевиќ: Стеван Анѓелковиќ триумфираше во ТЛЗП (видео)

Ја победи Тијана Дапчевиќ: Стеван Анѓелковиќ триумфираше во ТЛЗП (видео)

SHARE

Стеван Анѓелковиќ е победникот во 4-та сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“.

Тој во финалето успеа да ја победи нашата Тијана Дапчевиќ, со само 26 гласа разлика.

„Им се заблагодарувам на сите, на публиката и на својата девојка. Беше мошне тешко да се постигне сето ова. Заедно победивме“, изјави Стеван по победата.

Тој го додели ваучерот од 25 илјади евра на Детскиот оддел за онкологија при Клиничкиот центар на Србија.

Анѓелковиќ во финалето настапи со имитацијата на Елвис Присли и неговиот хит „Аlways on my mind“.

Нашата Тијана се најде во улогата на Фреди Меркјури и ги изведе „Who Wants to Live Forever” и „Show Must Go On“.

РЕКЛАМИ:
Loading...