Home ЗАБАВА Луд Свет Ја продала куќата за да потроши 22.000 фунти на пластични операции

Ја продала куќата за да потроши 22.000 фунти на пластични операции

SHARE

Британката Tsia Pullen ја продала својата куќа за да може да подлегне на пластични операции и тоа само со една цел – да блесне на денот на својата венчавка.

Поголемиот дел невести не штедат кога се работи за убавина на најважниот ден од нивниот живот, но Tsia Pullen сепак отишла чекор понатаму.

Имено, оваа 34-годишна Британка ја продала својата куќа во Болтон за да може дел од парите да ги потроши на пластични операции, пишува Daily Mail.

Од својата 11-та година таа се бори со прекумерната тежина, а се ужаснувала на помислата дека нема да изгледа убаво додека го изговарала судбоносното „да“.

„Се презирав сама себе. Секој обид да купам нешто завршуваше со солзи. Очајна бев што бев толку голема“, изјавила таа.

„Луѓето мислеа дека сум луда, но јас знаев дека тоа е исправна одлука. Само сакав да бидам убава“, додала таа.

РЕКЛАМИ:
Loading...