Home ШОУ БИЗз Мак сцена Јана Бурческа го откри полот и името на бебето во емисијата „Подводно“

Јана Бурческа го откри полот и името на бебето во емисијата „Подводно“

SHARE

Јана Бурческа оваа година ја претставуваше Македонија на Евровизија каде акцентот буквално беше ставен на нејзиниот приватен живот.

Одличната „Dance Alone“ беше „засенета“ од евровизискиот спот со кој Јана објави дека е бремена.

Изненадувањата не завршија со тие 5 минути, туку напротив продолжија во „зелената соба“ каде пејачката доби понуда за брак од нејзиното момче.

И неколку месеци по евровизиската еуфорија, Јана го даде своето прво телевизиско интервју.

Таа заедно со Даниел Кајмакоски беше гостинка во емисијата „Подводно“, каде двајцата зборуваа за Евровизиското искуство, но и новите животни улоги.

Даниел како млад татко и даде некој совет на Јана која се подготвува за мајчинството и пред крајот на оваа година на свет ќе го донесе своето прво дете.

Пејачката во ова интервју го откри и полот, но и името на бебето.

Целата емисија ќе можете да ја погледнете на Алфа телевизија во недела во 14:45 во емисијата „Подводно“.

Не пропуштајте!

РЕКЛАМИ: ---