Home ШОУ БИЗз Балкан Јариќ од Лима бара 30 милиони долари оштета

Јариќ од Лима бара 30 милиони долари оштета

SHARE

Откако дозна дека Адријана Лима поднела барање за развод, нејзиниот сопруг Марко Јариќ поднел контра-тужба во која од бразилската манекенка бара дури 30 милиони долари оштета, колку наводно изгубил затоа што поради неа пред време ја прекинал својата успешна кошаркарска кариера.

– Кога Марко се врати од Белград во Америка, тие двајца поминаа неколку дена заедно во Мајами. Се обиделе поради нивните ќерки да ги решат проблемите. На крајот повторно ја започнале приказната за неверствата и жестоко се скарале. Марко, меѓу останатото, ја обвинил дека е виновна што ја прекинал успешната кариера и и порачал дека тоа дебело ќе го наплати, тврди извор близок до Марко и додавадека кошаркарот, кога ја запознал Лима, играл за Реал Мадрид, а поради нејзината желба да живее во Америка, потпишал договор со Чикаго.

Меѓутоа, тој не бил затоволен таму, ниту како го третирале, па ја прекина кариерата.

Поради тоа што го напуштил Реал, каде можел да игра минимум уште три сезони, Јариќ проценил дека изгубил 30 милиони долари, кои сега, како што се зборува, ги бара од Лима.

Марко Јариќ

РЕКЛАМИ:
Loading...