Home ШОУ БИЗз Мак сцена Јелена Розга и Владо Георгиев специјални гости на МАРС 2013

Јелена Розга и Владо Георгиев специјални гости на МАРС 2013

SHARE

Шестото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2013 годинава ќе се одржи на 26 ноември во Универзална сала – Скопје.

Изборот на најпопуларните годинешни радио хитови како и до сега беше добиен по пат на селекција од 40-ина локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија.

15-те највртени песни во македонскиот радио етер се најдоа на финалната листа, а од нив на финалната вечер ќе настапат само оние изведувачи чии песни ќе понесат една од наградите категоризирани во следниве категории: Радиски Поп хит, Радиски Рок хит, Радиски Ар-Ен-Би или Рап хит, Радиски хит испеан од женски вокал, радиски хит -машки вокал, радиски хит, радиска балада.

За нив гласаа 12 одбрани локални, регионални и национални радиостаници кои годинава го сочинуваат фестивалското жири.

Наградите: Ѕвезда што се раѓа, Трајни вредности, Преработка и Партнерство за хит ги доделува Советот на Македонскиот Радиски Фестивал.

Нивните добитници исто така настапуваат на финалната вечер на МАРС2013, како и специјалните гости: Владо Георгиев и Јелена Розга чии нови хитови биле едни од највртените во македонскиот радиоетер во 2013 година.

За апсолутен радиски хит ќе биде прогласена песната која се најде на најголем број на листи со највртени македонски хитови испратени од вкупниот број (40-ина) радостаници во Македонија.

Нејзиниот изведувач добива плус парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2014 година исклучиво за свој солистички концерт.

За категоријата најдобар текст на песна од 15-те финални како и секоја година гласаат новинарите од печатените медиуми и интернет портали кои ја третираат естрадата, и македонската забавна музика.Авторот на текстот на песната добива парична награда од 10.000 денари, а песната ќе биде изведена на МАРС 2013.

За Радиски хит во 2013 год. според Изборот на фановите ( публиката) ќе биде проглсена една од 15 финалнопласирани песни за која фановите на Фан Странаицата на МАРС 2013 на Фејсбук ќе кликнат најмногу лајкови почнувајќи од денес во наредните седум дена.

Песната ќе биде изведена на МАРС 2013, а нејзиниот изведувач добива парична награда од 30.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2014 година исклучиво за свој солистички концерт.

МАРС 2013 ќе биде директно пренесуван на првиот канал на националниот РТВ сервис – МРТВ, а водители ќе бидат Марија Петровска од Бекстејџ и Марко Марк од Стисни Плеј.

На финалната вечер ќе настапат следните изведувачи кои ѓе понесат дел од наградите:

1. ТАМАРА – Само сакам да
2. ДИМИТАР АНДОНОВСКИ – Месечина
3. ДАРКО ИЛИЕВСКИ – Не е фер
4. НОКАУТ – Запомни, тоа е се што имаме
5. РОБЕРТ БИЛБИЛОВ & ДОН – Ти се промени
6. СЛАТКАРИСТИКА – Добро да е
7. EYE CUE & МАРИЈА – Боби, баш ми е гајле
8. TYZEE – Регетон
9. БЕНИ & НОН СТОП – Љубов
10. ЕСМА & ЛОЗАНО – Пред да се раздени

Специјални гости ќе бидат Лева Патика, Владо Георгиев и Јелена Розга.

Во трка за настап и наградите: Избор на публиката и Најдобар текст на песна , се уште и:

1. ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ – Само за неа
2. АНДРИЈАНА ЈАНЕВСКА – Животот е убав
3. NEXT TIME – Светот во раце
4. ДНК – Што сака нека биде
5. АРЕА – Запознај ме

РЕКЛАМИ:
Loading...