Home ШОУ БИЗз Мак сцена Јордан Митев ги обединува Македонците со песна

Јордан Митев ги обединува Македонците со песна

SHARE

Македонската современа музичка легенда Јордан Митев, кои многумина го познаваат како човек со големо музичко искуство, во изминатиот период неуморно твори, ја шири и обединува македонската музичка култура ширум целиот свет.

Имено, Јордан Митев покрај значителниот успех со претходните музички проекти, овој пат ќе ги изненади сите почитувачи на квалитетната македонска музика со нови музички подвизи.

Тоа што ќе следи во блиска иднина е нова фото галерија и најава за нови музички синглови.

За разлика од минатиот албум каде тој комплетно се потиша на сите наслови како целосен автор, овој пат Митев им се довери на најдобрите композитори од Македонија кои ќе создаваат нови хитови за да се најдат на неговиот најнов албум.

Музичкиот албум се очекува да биде комплетно завршен и да се појави во продажба од втората половина на 2013 година.

Кон крајот на месец февруари, во најава е лансирање на две песни и за истите ќе се снимаат видео записи за кои веруваме дека ќе им се допаднат на пошироката јавност.

РЕКЛАМИ:
Loading...