Home ЗАБАВА Занимливости Како да не ви мирисаат чевлите – три едноставни финти

Како да не ви мирисаат чевлите – три едноставни финти

SHARE

Омилените чевли по целодневно носење неминовно непријатно ќе замирисаат.

Но, не станува збор за лоша хигиена на стапалата туку за спој на пот и чевли што создава совршена околина за бактерии.

За да го намалите или решите тој проблем не мора да ги фрлите обувките или да ги уништите со перење туку да најдете решение во вашиот дом.

Ви откриваме 3 експресни решенија против непријатните мириси на обувките.

1. Во внатрешноста на обувките ставете сода бикарбона и оставете да отстои цела ноќ. Наутро истресете или исчеткајте го правот и од непријатниот мирис нема да има ни трага.

2. Ако сакате дополнително да ги освежите обувките во шише со распрскувач помешајте алкохол, вода и неколку капки етерично масло од лимон или портокал и распрскајте во обувките и оставете целосно да се исуши.

3. Во памучни чорапи ставете прашок за пециво, сода бикарбона и пченкарно брашно и ставете ги во обувките. Оставете да отстои преку ноќ, а веќе наутро обувките ќе ви бидат свежи.

Извор: 365

РЕКЛАМИ: ---