Home LIFE STYLE Здравје Како да се ослободите од болката во грбот за 2 минути?

Како да се ослободите од болката во грбот за 2 минути?

SHARE

Доколку работата ви налага да седите пред компјутер цел ден со тек на време ќе почнете да чувствувате одредени непријатности и болка во грбот.

За да се ослободите од болката, за оваа едноставна вежба од две минути ви треба само ремен.

Во прашање е јога вежба која не треба да ве загрижува доколку од прв обид не успеете да ја направите.

Легнете на грбот со свиткани колена. Потоа исправете се и подигнете ја десната нога под агол од 90 степени, а ременот ставете го на стопалото и држете го така. Доколку ви е тешко да го направите тоа, подигнете ја ногата од подот, под поголем агол, колку што можете, но внимавајте вашата нога да биде секогаш исправена. Истото направете го и со левата нога.

Повторете ја вежбата, но овој пат со исправена нога на подот.

Целото време обидете се да дишите длабоко, тоа дополнително ќе ве опушти.

РЕКЛАМИ:
Loading...