Home ♡ за деца Како да си го заштитиме детето од киднапери и педофили? Стратегии од...

Како да си го заштитиме детето од киднапери и педофили? Стратегии од ФБИ агент

реклама:

За жал, денешницата носи потенцијални опасности кои го опкружуваат детето на пат кон училиште, во парк и слично. Секој родител мора да води грижа за безбедноста на своето најмило.

Бивш ФБИ агент предлага 10 стратегии за вас и вашето дете, со помош на кои ќе избегнете опасност, но и како да се однесувате во случај на несакани ситуации.

Десет совети за деца

1. Не влегувај во нечив автомобил доколку родителот не ти кажал. Не приоѓај на луѓе кои те следат со автомобил или пешки.

2. Не им верувај на возрасни кои од тебе бараат помош, на пример каде се наоѓа некоја улица или пак бараат изгубено милениче.

3. Брзо избегај од лице кое те принудува да тргнеш со него. Слободно викај на глас “Ова не е мојот татко (или мајка)”

4. Избегнувај да одиш некаде сам. Доколку сакаш да излезеш од дворот или игралиштето, задолжително прашј ги родителите за дозвола, особено ако одиш кај некого дома.

5. Никогаш немој да стопираш! Доколку не ти дозволиле родителите, немој да се возиш во автомобил со други луѓе.

6. Возрасните не треба да ти ги раскажуваат своите тајни. Доколку тоа се случи, веднаш кажи им на родителите или пак на наставникот.

7. Никој не треба да те допира по телото на местата кои ги покрива костимот за капење. Ниту ти не ги допирај таму другите. Твето тело е нешто посебно и интимно.

8. Имаш право да им кажеш НЕ на возрасните, па дури и на роднините и пријателите, доколку се обидат да те натерааат да направиш нешто против твоја волја.

9. Договорете се со родителите на кој начин ќе ви пренесат дали е безбедно да одите со некоја личност.

10. Извежбај посебен звук, кој е гласен и долго трае. Така на личноста која се обидува да те повреди и посочуваш дека знаеш што се обидува да стори и не си лесна жртва. На овој начин луѓето кои се во околина ќе знаат дека си во опасност. Кога викаш, вдишуваш длабоко и добиваш кислород и дополнителна храброст и сила.

Десет совети за родители

1. Клучот на успехот е во комуникацијата. Важно е отворено да разговарате со децата на сите теми кои се однесуваат на безбедност, па дури и евентуално киднапирање.

2. Знаењето е моќ. Разговарајте со децата за потенцијалните напаѓачи, научете ги дека тие изгледаат баш како и сите нормални луѓе, но ќе се обидат на најразлични начини да ги намамат децата.

3. Научете ги основните метиди кои напаѓачите ги користат за да ги намамат децата: бараат изгубено мичлениче, прашуваат за насоки, нудат пари или колачи за децата да влезат во нивниот автомобил, се закануваат дека ќе повредат некој член од семејството доколку детето не тргне со нив…

4. Немојте да го пишувате името на детето на ранците, облеката или други лични предмети на детето. Напаѓачот би можел таа информација да ја искористи за да ја придобие довербата на детето.

5. Договорете се со вашето дете што треба да стори доколку случајно се одвои од вас и се изгуби на некое јавно место. Советувајте го да побара помош од некоја мајка со дете или друга жена. Можат да побараат полицаец, обезбедување на објектот или инфо пулт.

6. Детето треба да го знае вашето име и презиме, адреса и телефонски број.

7. Секогаш треба да знаете каде се вашите деца, како и адресите и телефоните на нивните другари.

8. Редовно фотографирајте го вашето дете, со цел да имате нова фотографија во случај да се случи непосакуваното.

9. Бидете истрајни во едуцирање на детето за сите опасности. Заедно симулирајте непријатни ситуации и справување со истите.

10. Доколку вашето дете исчезне, обидете се да не паничите. Прво пребарајте го домот, па проверете да не е кај комшии или пријатели. Потоа јавете се во полиција. Не постои временски период кој мора да пројде за да пријавите исчезнување на дете.

Како да му побегнете на киднаперот

Бившиот ФБИ агент Клинт Ван Зант вели дека ниту едно дете не смее да се плаши да им каже на родителите доколку некој им се заканува, иако насилникот изрично му кажал да молчи. Децата треба да знаат дека тоа што некој им се заканува не е нивна вина, и не треба да кријат од родителите.

Во случај на обид за киднапирање, детето треба да вреска на цел глас, и со сета сила да се обиде да се оттргне од киднаперот. Без оглед на заканите од киднаперот, детето мора да вреска и да се обиде да избега.

Киднаперите најчесто користат автомобил во кој се обидуваат да го внесат детето. Доколку некој се обиде да го стори тоа, детето треба да трча на спротивната страна од правецот на автомобилот. Така киднаперот би морал да го сврти автомобилот, а со тоа детето добива време да побегне.

После ова веднаш треба да истрча кај родителите, во продавница или на било кое јавно место во близина и да вика на глас дека некој сака да го киднапира.

Агентот советува детето да бега дури и во случај киднаперот да впери пиштол во него. Повеќето киднапери не сакаат да привлечат внимание со пукање, а и да се случу истрел огромна е веројатноста детето да не биде погодено.

Во случај киднаперот да успе да го турне детето во автомобилот и да го стави на предното седиште, малата жртва би требало веднаш да се префрли на задно седиште и да се обиде да ја отвори вратата и да излезе.

Доколку пак киднапираното дете остане на предното седиште, се препорачува да ја притиска сирената на автомобилот со цел да им го привлече вниманието на останатите автомобили во сообраќајот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------