Home LIFE STYLE Љубов и секс Како да знаете дека ве изневерува?

Како да знаете дека ве изневерува?

SHARE

Неговото однесување е чудно? Мислите дека ве изневерува ? Прочитајте ги работите кои можат да го издадат!

Многу бракови и врски завршуваат поради изневерување на еден од партнерите. Тоа може да трае и по неколку години, а да не го забележите или да не сакате.

Доколку се сомневате дека партнерот ве изневерува, обрнете внимание на неговото однесување.

Експертите истакнуваат, личноста која изневерува често го менува своето однесување, затоа внимавајте на ова.

Но, притоа немојте да бидете параноични и не донесувајте пребрзо заклучоци.

Се однесува поразлично од вообичаено ? 

Промените во однесувањето на личнота која изневерува се случуваат на едно или повеќе полиња во животот, обрнете внимание на:
– Промена на емотивното однесување: вашиот партнер се лути без причина? Од неодамна ви купува скапи подароци, а дотогаш не го правел тоа? Ви потенцира колку ве сака иако тоа претходно не го спомнал со години? Од неодамна е емотивно ладен?
– Промени во сексот: сексот без било каква причина стана жежок и страствен? Повеќе не водите љубов, а некогаш тоа го правевте секој ден? Ви предложи сексуална игра која не се вклопува во досегашниот сексуален живот?
– Промена во изгледот: од неодамна почнал да се грижи за својот изглед? Се запишал на фитнес и ја офарбал косата ? Купил нови парчиња облека иако тоа никогаш не го прави?
– Промени во начинот на живот: претходно неможел да дочека да заврши со работа и да дојде дома, сега останува на работа до доцна? Не може да ги оправда своите излети? Стана алтруистичен и постојано им „помага“ на пријателите?

[pullquote_right]Експертите истакнуваат, личноста која изневерува често го менува своето однесување[/pullquote_right]

Ве изневери и што сега ?
Дојде денот кога откривте дека ве изневерува, ви призна, прочитавте пораки кои не беа наменети за вас и првото прашање е што сега?

Прво ќе ве обземе чувство на бес, лутина, тага, ќе се прашувате некое време како можеше тоа да го стори.

Во овие моменти можеби е најдобро да одите кај пријатели и на некое време да се иселите од заедничкиот стан.

За да ги средите работите во вашата глава добро размислете за се. Постојат две опции: да останете или да заминете. Доколку изберете да останете тогаш пред вас е долг пат.

Ќе биде тешко да се помине преку изневерување, но во себе решете ги негативните чуства кој ги предизвика кај вас.

Ве советуваме да појдете на терапија која ќе ви помогне да ги надминете ваквите чуства и ќе ви понуди решение кое може да ви помогне.

Вашата гордост е прегазена, се чуствувате изневерено, не можете веќе да верувате. Но, морате да земете во предвид дека и на вашиот партнер не му е лесно, особено ако се работи за избрзана одлука или ако само еднаш се случило.

Доколку тоа е направено неколку пати, време е да го оставите.

Доколку многу го сакате и мислите дека повторно може да му верувате, а тој ќе биде искрен во своите намери, обидете се и дадете му уште една шанса. Во секој случај, се останува на вашата одлука.

РЕКЛАМИ: ---