Емина Јаховиќ со години живее во Турција, а деновиве се појави на една музичка манифестација во Србија.
Сите ја приметија нејзината последна трансформација, пејачката изгледаше тотално подмладена. Како што пренесуваат медиумите од регионот, пред настанот во Србија, Емина наводно посетила клиника за естетска хирургија каде ги корегирала образите, очните капаци и со ботокс го освежила и подмладила своето лице.
Јаховиќ ја променила и бојата на косата,со што дополнително го подмлади своето лице.
На почетокот од својата кариера, таа изгледаше сосема поинаку од денес.
Наводно, првата естетска корекција ја имала на 21 година и тое е единствената интервенција за која јавно говорела.
– Кога сме веќе кај операциите, дојде време да ви кажам и од прва рака да потврдам дека во животот, освен операција на носот, кој првпат го скршив на 14 години немам никаква друга пластична операција. На 14 години беше невозможно да правам операција, бидејки тие коски сеуште се развиваа, па морав да почекам. Тоа го сторив на 21 година – напиша Емина пред неколку години на Твитер, како одговор на шпекулациите за нејзините естетски хируршки зафати.
Но фотографиите од нејзиното минато покажуваат нешто сосема поинакво. Емина во минатото и денес, две сосема различни жени!