Home ЗАБАВА Занимливости Како се рангирани Македонците според искажувањето на емоциите

Како се рангирани Македонците според искажувањето на емоциите

SHARE

Македонците се рангирани на 35-тото место според искажувањето на своите емоции, вели најновото истражување на институтот „Gallup“.

Во истражувањето се покажало дека луѓето од Сингапур најмалку ги покажуваат своите емоции, а следни се луѓето од Грузија, Литванија, Русија и Унгарија. На листата се наоѓаат 151 земја.

Кога станува збор за состојбата на Балканот, само Хрватите потешко ги искажуваат емоциите од нас.

Додека ние се наоѓаме на 35-та позиција, Хрватите се на 30-та.

Од останатите земји во нашиот регион, Србија се наоѓа на 41-то место, БиХ на 44, Црна Гора на 55, а Албанија на 65.

Она што е големо изненадување за сите е што Словенците се покажаа како најемотивни на Балканот и се наоѓаат на 86-то место на листата.

Дел од прашањата кои им биле поставувани на испитаниците се : Дали вчера добро се одморивте? Дали вчера се смеевте или се смешкавте?

Целата мапа на земјите можете да ја погледнете ТУКА.

РЕКЛАМИ:
Loading...