Home LIFE STYLE Љубов и секс Каков е совршениот маж

Каков е совршениот маж

SHARE

Чуствителноста кај мажите ја ценат 86% од жените, но 64% од нив сакаат кога мажот ќе им каже „те сакам“ само кога тоа навистина го мислат.

Јаде месо и пие пиво, вози Ауди, два пати во неделата телефонски ја повикува мајка му, висок е 182 см, има кратка темна коса, заработува околу 55 000 евра годишно и добро се облекува!

Вака изгледа совршениот маж које сон на секоја жена.

До овој податок дојде истражувањето во кое биле опфатени 2.000 испитанички, а го спроведе модниот бренд Austin Reed.

Во интересна анкета жените откриле дека вегетаријанците повеќе ги одбиваат отколку што ги привлекуваат, а пожелно е да биде свежо избричен, пренесува Дејли Меил.

Поубавиот пол нагласил и дека мажот треба да има диплома и пристојна работа, а 15% од жените дури инсистирале и дека тој треба да има магистратура или докторат.

Дури 70% од жените велат дека би сакале да излегуваат со маж кој заработува повеќе од нив, а за 43% од испитаниците важно им е да се смеат во машко друштво и добро да се забавуваат, отколку да водат сериозни и високоинтелектуални муабети.

Чувствителноста кај мажите ја ценат 86% од жените, а 64% од нив сакаат кога мажот ќе им каже „те сакам“ само кога тоа навистина го мислат.

РЕКЛАМИ:
Loading...