Home ШОУ БИЗз Балкан Карлеуша е лажга?!

Карлеуша е лажга?!

SHARE

Не се точни тврдењата на Карлеуша дека судијата Божидар Васиќ на одговорот од Цеца: „Ме навреди, бидејќи мојот покоен маж е криминалец“, додал: „Вистината понекогаш знае да навреди“.

– Ве известуваме дека апсолутно се неточни наводите кои се однесуваат на постапките на судијата во нашиот суд, а изнесени од една пејачка за време на парнична постапка, се наведува во соопштението на судот во Белград, кое потпаролката Душица Ристиќ го доставила до српскиот портал „poznati.info“, како одговор на пораката на Карлеуша која ја остави на „Твитер“, веднаш после судењето со Цеца.

Само да потсетиме дека ЈК веднаш по излегувањето од судницата напиша:

– Излегов од судницата. Судија: „Што вас ве навреди?“. Цеца: „Ме навреди тоа што мојот покоен маж го нарече криминалец“. Судија: „Вистината понекогаш знае да навреди“.

Ова веднаш предизвика лавина коментари, а некои портали веќе објавија дека судијата Васиќ е на страната на Карлеуша.

Но, се разбира имаше и такви кои се посомневаа во вистинитоста на оваа информација, бидејќи ако судијата рекол такво нешто, тогаш под знак прашање се става угледот на судот.

После реакциите од судот, од „poznati.info“ побарале одговор од Карлеуша, која останала доследна на нејзините тврдења изнесени на „Твитер“.

РЕКЛАМИ:
Loading...