Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive „Ќе ја побарам за жена на денот кога „МЗТ“ ќе стане шампион“

„Ќе ја побарам за жена на денот кога „МЗТ“ ќе стане шампион“

SHARE

Пред себе и пред другарите си ветил: „Ќе ја побарам за жена на денот кога „МЗТ“ ќе стане шампион“.

И тоа се случи вчера. Аеродромци славеа за победата на „МЗТ“, но и за новиот „фемили“ пар на годината.

Ѓорѓи и Елена вчера пред Т.Ц. „Бисер“ заеднички се радуваа на шампионската титула на својот „МЗТ“, а потоа заедно со неколкуте илјади навивачи славеа и за оствареното ветување на Ѓорѓи.

Со прстен од бело злато со сино камче, како боите на „МЗТ“ во време кога беше кренат шампионскиот пехар, Елена го кажа своето ДА и помеѓу навивачите и пријателите настана вистинска еуфорија.

Ѓорѓи ветеното си го исполни. Им посакуваме успешен брак и многу дечиња кои од срце ќе навиваат за сино белите како мама и тато.

Гледајте Extra Exclusive секој работен ден од 17:55 на Канал 5.

Ване Маркоски

РЕКЛАМИ:
Loading...