Home INFO Кери, Миранда и Шарлот повторно заедно: Пристигнува втората сезона од “And just...

Кери, Миранда и Шарлот повторно заедно: Пристигнува втората сезона од “And just like that”

реклама:Велигден со Стаф

И покрај бројните негативни коментари, HBO Max ја потврди втората сезона од “And just like that”, продолжението на култната серија “Sex and the city”.

Главните актерки Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ќе ги повторат своите улоги.

Бројни беа критиките на почетокот на емитувањето па се до последната епизода која се емитуваше во февруари годинава. Особено нагласени беа коментарите за начинот на кои креаторите на серијата го отстранија ликот на легендарната Саманта, која ја глумеше Ким Картал.

Имено Картал не сакала да се придружи на снимањето на новата сезона поради несогласувања со актерската екипа, но и сметала дека веќе нема да може да го долови ликот на Саманта Џонс.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------