Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Ким и Бијонсе заедно на концерт на Кание Вест и Џеј Зи...

Ким и Бијонсе заедно на концерт на Кание Вест и Џеј Зи (фото)

SHARE

На концертот на двајцата рапери во Бирмингем, Британија одржан на 22 јуни, реалити ѕвездата Ким Кардашијан (31), и добитничката на 16 Греми награди, Бијонсе (30) се забавуваа заедно додека нивните посилни половини настапуваа на сцена.

„Ким и Бијонсе играа цела вечер! Дури дојдоа и во фан питот“, изјавил анонимен извор за Us Weekly.

Кардашијан и Бијонсе направија се што е во нивна можност да не бидат забележани во толпата фанови.

Ова е прв пат овие две да бидат забележани и фотографирани заедно во јавност.

И покрај трачевите дека Бијонсе не ја сака Ким и не сака да се дружат со неа, изворот додава дека овие две од секогаш биле кул:

„Бијонсе и Џеј Зи ја сакаат Ким и мислат дека таа е добра за Кание“.

И Ким го мисли истото. Во интервјуто со Опра, таа објасни какви чувства има за Кание Вест после години нивно пријателство.

„Многу е убаво чувството да имаш некој кој знае се за тебе, кој те почитува и разбира и со кој поминал слични работи во животот како и ти“, вели таа.

Извор за Us Weekly додава и дека тие сериозно размислуваат за брак и дека доколку Кание би ја запросил, таа би прифатила да се омажи за него.

РЕКЛАМИ:
Loading...