Home INFO “Класична манипулација”: Еве што кажа Цеца за скандалот со Албанија

“Класична манипулација”: Еве што кажа Цеца за скандалот со Албанија

Foto: Youtube/printscreen
реклама:Велигден со Стаф

Цеца Ражњатовиќ даде изјава за српски Курир, по информацијата дека нејзината музика е забранета во Албанија.

“Не сум слушнала дека сум забранета во Албанија. Сметам дека музиката не смее да има граници. Ова е правило по кое се водам повеќе од триесет години. Никогаш преку моите песни не сум ширела било какви политички пораки нуту пак омраза.
Јас ги сакам сите луѓе, моите песни ги спојуваат луѓето.
Јас сум патриот и го сакам својот народ. Но да се разбереме, тоа не подразбира дека некој друг народ мразам или пак не почитувам луѓе со друга вера, нација или боја на кожа. Овде станува збор за класична манипулација. Замолувам моите име да не се меша во ова, мојата публика е шаренолика и така и ќе остане. Се додека публиката ме сака, ќе и пејам, без оглед каде се наоѓа.” – изјавила пејачката.

За потсетување, „Танјуг“ објави дека Албанската агенција за аудиовизуелните медиуми (АМА) го предупредила албанскиот јавен радиотелевизиски сервис РТШ поради емитување песни од српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца.

Ваквата мерка наводно е изречена поради тоа што пејачката во неколку наврати имала антиалбански изјави против Косово и бидејќи нејзините песни, како што се тврди, ги инспирирале злосторствата во Босна и Херцеговина и во Косово, пишуваат албанските медиуми.

Во соопштението на албанската агенција Ражнатовиќ е опишана како проблематична пејачка, која со своите постари песни и изјави ги инспирирала злосторства во БиХ и во Косово и ги поддржувала нехуманите дела на својот сопруг Жељко Ражњатовиќ – Аркан.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------