Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Клои и Ламар посетуваат брачен советник

Клои и Ламар посетуваат брачен советник

SHARE

Во желба да преминат преку кризата во својот брак, Клои Кардашијан и Ламар Одом побарале помош од брачен советник.

Односот на славниот пар се расипа откако се појавија гласините дека кошаркарот ја изневерил, а потоа и дека се бори од зависноста од опојни дроги.

Затоа што одлучиле дека не сакаат да стават крај на нивниот брак, тие редовно посетуваат еден признат терапевт од Беверли Хилс за да ги решат сите проблеми.

„Тоа за нив е многу емотивно, зборуваат за своите проблеми кои ги имаат. Клои и понатаму го сака Ламар, но ќе биде потребно многу време да преболи се што се случи“, изјавил извор и додал дека Ламар се опоравува, дека не користи наркотици и дека се здебелил скоро 10 килограми.

Откако почнаа шушкањата дека нивниот брак е во криза, славниот пар за прв пат се појавија заедно минатата недела на прославата на роденденот на мајката на Клои, Крис Џенер.

„Беа прва за големо бизнис патување во рамките на кое ќе ја посети Велика Британија, Дубаи и Австралија, па своето преостанато слободно време сака да го искористи за да сфати што сака од животот и бракот, и какви се нејзините чувства кон Ламар.

РЕКЛАМИ:
Loading...