Home LIFE STYLE Љубов и секс Кога треба да го одглумите оргазмот?

Кога треба да го одглумите оргазмот?

SHARE

Мажите не сакаат ни да помислат дека нивната партнерка глуми оргазам, а жените пак ретко кога признаваат за ова.

Многумина ја осудуваат оваа постапка во кревет и општо познато е дека е „забранета“ за време на сексот.

Сепак, секое правило има исклучок, па така постојат ситуации кога лажирањето на оргазмот е оправдано.

 

1. Секс за една вечер

Нема никаква логика да му ги објаснувате на некој вашите ерогени зони, доколку постои голема веројатност никогаш повеќе да немате секс со таа личност. Во овој случај, дозволено е малку да глумите и да му го олесните трудот.

2. Кога тој не знае што треба да прави

Тажно, но вистинито. Некои момци воопшто немаат поим што прават во кревет. Во овој случај, слободно можете да го сопрете, да му објасните што е она што е погрешно и да се обидете повторно, или пак доволно е само да одглумите оргазам, па во наредна прилика да му објасните каде грешел.

3. Кога тој е  „осетлив плачко“

Во овој случај, за да го поштедите од лутење,  наместо да го нападнете, излажете го дека сте доживеале одличен оргазам. На овој начин само го одложувате неизбежното но, сепак подобро е малку да му го подигнете егото,  а разговорот да го оставите за некој не толку интимен момент. И секако, бидете внимателни и нежни.

РЕКЛАМИ:
Loading...