Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Кој би рекол дека има 43 години?

Кој би рекол дека има 43 години?

SHARE

Мајката на две деца позади себе има многу филмови и снимени албуми со кои стекна светска слава. Во врска е со помладо момле, а на витката линија работи секојдневно.

Џенифер Лопез успешно се бори со сите знаци на стареење и изгледа како да е многу помлада. Пејачката својот 43-ти роденден го прослави во друштво на Каспер Смарт.

Поранешната судика во „Американскиот Идол“ за романтична вечера облекла тесни кожни панталони и бела маица, а со тоа ја истакнала витката линија која ја одржува со вежбање.

Пејачката на во јавноста пушти и кратко видео со кое го најавува доаѓањето на спотот за новата песна „Goin In“. најновиот спот го најави на нејзиниот Твитер профил.

– Премиерата е во среда. Песната се наоѓа на мојот последен хит албум, напишала пејачката.

Лопез, која денеска го слави нејзиниот 43-ти роденден во видеото уште еднаш покажа дека е неодоливо секси. Во спотот ќе се појави во неколку комбинации. Интересно е што песната ќе се појави и како дел од саундтракот за филмот „Step Up Revolution“.

Извонредна танчерка, пејачка, актерка, комплетна забавувачка, успешна бизнис – жена и мајка. Џеј Ло неколку затворени брачни приказни зад себе сега ужива во вниманието на многу помладиот Каспер Смарт и вели – сакам пак да се омажам!

Лопез е родена во Бронкс, Њујорк во 1969. Во 1997 го сними филмот Селена и доби номинација за Златен Глобус. Тогаш ја доби АЛМА наградата за извонредна актерка. Втората АЛАМ награда ја доби во 1998 за „Out of Sight“ и стана најплатената латино актерка. Актерската кариера започна кусо пред кариерата како поп пејачка. Во 1999 излезе со првиот албум „On the 6“, а во 2001 нејзиниот втор албум „ J.Lo“ се искачи на прво место на „Billboard 200“ во исто време кога нејзиниот филм „The Wedding Planner“ водеше по заработка – таа стана првата актерка и пејачка со две први места – и за албумот и за филмот. Од тогаш нема промашување!

Во 1997 се омажи со Кубанецот Оџани Ноа кој го запозна додека работел како келнер во Мајами. Се разведе од него по една година. Во 2001 се омажи со танчерот Крис Џад од кого се разведе следната година. 19 месеци помина со Бен Афлек, а кога заврши и таа врска влезе во брак со Марк Антони со кој има две деца. По разводот од Антони таа се одлучи за младиот Каспер Смарт кој излезе дека не е минлива работа – веќе подолго време е со него.

РЕКЛАМИ:
Loading...