Home ЗАБАВА Занимливости Кој би се осмелил да го пие ова?

Кој би се осмелил да го пие ова?

SHARE

Секоја земја во својата традиција има храна која домашните ја обожуваат.

Американците се опседнати со сланината, која ја ставаат во се и сешто, но очигледно овој пат претерале.

Сега сланината можат дури и да ја пијат.

 

Не станува збор само за сланина, целата палета на сокови е со бизарни вкусови на јадења како пченка, путер од кикирики, пилешко…

Соковите ги произведува калифорниската компанија Rocker Fizz Soda & Candy Shop која е позната по необичните вкусови и имиња за своите производи.

Кај нив може да се најде дури и газиран сок со вкус од комбинација од шеќерна волна и краставица.

Неодамна, компанијата започна со производство на гумени бонбони зачинети со многу луто чили пиперче.

Само Американците го можат ова.

РЕКЛАМИ:
Loading...