Home СПОРТ Кој ќе игра на местото на Пепе во Реал Мадрид следната сезона

Кој ќе игра на местото на Пепе во Реал Мадрид следната сезона

SHARE

Реал Мадрид на крајот на сезоната после десет години ќе се раздели со дефанзивецот Пепе, а шпанските медиуми пренесуваат дека раководството на „кралскиот“ клуб веќе нашло замена за Португалецот.

Станува збор за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос, кого „кралевите“ го следат веќе подолго време и медиумите тврдат дека токму гркот е трансфер број еден за засилување на дефанзивната линија.

Папастатопулос веќе седум сезони е во Бундес лигата, а претходно го носеше дресот на Милан, но „милионерите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, па Реал треба да спреми примамлива понуда.

Сократис Папастатопулос

РЕКЛАМИ:
Loading...