Home КУЛТУРА Настани Комичната опера „Аптекарот“ премиерно во вторник

Комичната опера „Аптекарот“ премиерно во вторник

SHARE

На малата сцена во Македонската опера и балет на 5 февруари  премиерно ќе биде изведена комичната опера „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн, во режија и сценографија на Уши Хорнер од Австрија.

Диригент на претставата е Виктор Митровски, изборот на костими е на Марта Трендафилова.

Во улогата на Семпронио ќе настапи Дејан Стоев,  а играат и Билјана Ѓуровска (Грилета),  Јане Дунимаглоски  (Менгоне) и Николина Јаневска (Волпино).

Претставата репризно ќе биде изведена на 6 февруари.

РЕКЛАМИ: ---