Home СПОРТ Кошарка Комплетирано 23.коло во АБА лигата, Гечевски избран во најдобрата петорка

Комплетирано 23.коло во АБА лигата, Гечевски избран во најдобрата петорка

SHARE

Македонскиот репрезентативен центар и играч на МЗТ Скопје Аеродром, Тодор Гечевски е избран во најдобрата петорка на 23.коло во АБА лигата.

Со 34 индексни поени добиени за придонесот во победата на македонскиот шампион над Задар, остварени со постигнатите 25 поени и осум скокови, Гечевски се најде на второто место веднаш зад Дерил Строубери од Цибона кој собра 35 индексни поени.

Другите тројца играчи од петорката на колото се Корсли Едвардс (Игокеа), Игор Ракочевиќ (Црвена Звезда) и Марко Томас (Цедевита).

Инаку, 23.коло од регионалната АБА лига се комплетира синоќа со средбата Игокеа – Шолнок која минимално со 86:84 ја доби лидерот на табелата Игокеа.

РЕКЛАМИ:
Loading...