Home КУЛТУРА Настани Концерт и перформанс на градскиот мешан хор „Вардар“

Концерт и перформанс на градскиот мешан хор „Вардар“

SHARE

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечер во новиот објект на Македонскиот народен театар ќе одржи годишен концерт и музичко-кореографски перформанс со хорски оперски арии.

Диригент ќе биде Јасмина Ѓорѓеска, а пијано придружба Андреја Наунов.

Како солисти ќе настапат Серафина Фантаузо, Живе Кремшоски, Марија Наумовска, Александра Иванова, Јане Дунимаглоски и Димитар Кожухаров.

Во првиот дел од концертот ќе бидат изведени дела од Скаловски, Прокопиев, Мокрањац… Во вториот дел посетителите ќе уживаат во раскошните хорски партитури на Џузепе Верди и Жорж Бизе, од оперите „Набуко“, „Трубадур“, „Травијата“ и „Кармен“.

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје е формиран во 2000 година на иницијатива од ентузијасти, некогашни хористи од повеќе генерации на академскиот хор „Мирче Ацев“. Од 2001 до 2012 година со хорот раководи диригентот Илија Атанасов.

Од формирањето хорот „Вардар“ секоја година одржува целовечерни концерти во Скопје и низ државата. Редовно настапува на домашни хорски смотри и на одбележувања на национални празници. Има освоено повеќе награди, втора награда на Меѓународниот Охридски фестивал, во 2010 и 2013 година, втора награда на Меѓународниот фестивал „Денови на Мокрањац“-Србија, септември 2013 година.

РЕКЛАМИ: ---