Home КУЛТУРА Настани Концерт на Филхармонијата со рускиот виртуоз на труба Сергеј Накарјаков

Концерт на Филхармонијата со рускиот виртуоз на труба Сергеј Накарјаков

SHARE

Рускиот виртуоз на труба Сергеј Накарјаков, нарекуван „Паганини на труба“, ќе настапи како солист со Македонската филхармонија на вечерашниот концерт насловен „Големите класици“.

– Накарјаков, кој свири труба и флугелхорн, предизвикува силно внимание кај публиката и кај стручната јавност со неговиот индивидуален стил на изведба. Пред македонската публика ќе го изведе Концертот за хорна бр.4 од Волфганг Амадеус Моцарт, дело кое на изведувачот му нуди да ги покаже сите свои технички и, воопшто, уметнички можности, информира Филхармонијата.

Концертот на Македонската филхармонија ќе го води диригентот Борјан Цанев, а програмата содржи уште две значајни дела од епохата на класицизмот – увертирата „Леонора“ бр. 3 од Лудвиг ван Бетовен, од неговата единствена опера „Фиделио“, како и Симфонија бр. 102 од Јозеф Хајдн, неговата десетта од циклусот 12 „лондонски“ симфонии.

Македонската филхармонија со овој концерт се враќа на матичната сцена, во Домот на АРМ, каде што по неколку градежни зафати се подобрени условите за работа и за концертирање.

РЕКЛАМИ:
Loading...