Home КУЛТУРА Настани Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе

Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе

SHARE

Македонската филхармонија во Домот на АРМ вечер ќе настапи со Марсел Калифе на концертот насловен „Арапска ноќ“.

Музичарот на уд, за прв пат ќе настапи во Македонија, претставувајќи и се на публиката со авторски дела напишани за соло уд и оркестар, како и дела за повеќе солистички инструменти и оркестар.

На концертот во Скопје, со оркестарот ќе диригира египќанецот Хишам Габр, а покрај Калифе, како солисти на концертот ќе настапат и пијанистот Рами Калифе, македонски кларинетист Исмаил Лумановски и Александар Петров на удиралки. Централен дел на концертот ќе заземе „Андалузиска свита“ за уд и оркестар, која претставува спој на ориенталната музичка традиција и западната оркестарска традиција.

Ова е втора средба на Македонската филхармонија со диригентот Хишам Габр, кој диригираше со оркестарот на турнејата во Оман, во јануари оваа година.

По концертите со Катарската филхармонија и Лорин Мазел, истакнатиот либански музичар и уметник на мирот Марсел Калифе доаѓа во Скопје по настапите со Симфонискиот оркестар на Киев, Оркестарот на Академијата на Болоња, Камерниот оркестар на Сан Франциско, Кралскиот оркестар од Ливерпул, Кралскиот оркестар во Оман и на најпрестижните светски фестивал.

РЕКЛАМИ:
Loading...