Home КУЛТУРА Настани Концерт на полскиот „Жешов Клезмер Бенд“

Концерт на полскиот „Жешов Клезмер Бенд“

SHARE

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија вечер концерт ќе одржи полскиот „Жешов Клезмер Бенд“.

Групата „Жешов Клезмер Бенд“ во состав Јацек Анишек – кларинет, Матеуш Хмиел – кларинет, саксофон, Дариуш Кот – хармоника, Војчех Јајуга – контрабас, Камил Шчиак – перкусионистички инструменти, Катажина Блат- вокал, е основана како дел од изложбата посветена на работата на Бруно Шулц во Галеријата на уметност во 2004 година во Жешов.

Претходно, денеска тие исто така ќе настапат во Аулата на Филолошкиот факултет при УКИМ во рамки на Денот на полскиот јазик и полската култура во Македонија.

Групата има одржано преку 300 концерти во Полска, Европа и на други континенти. Има учествувано на многу натпревари и фестивали. Песните што ги изведуваат музичарите се традиционални клезмерски мелодии на источно – европските Ашкенази, аранжирани на начин да содржат традиционални и современи елементи.

МИА

РЕКЛАМИ:
Loading...