Home КУЛТУРА Настани Концерт на Скопскиот дувачки квинтет во Израел

Концерт на Скопскиот дувачки квинтет во Израел

SHARE

Скопскиот дувачки квинтет синоќа во Културниот центар „Енав“ во Тел Авив се претстави со целовечерен концерт по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Израел.

Концертот наиде на одличен прием од публиката, а покрај класични, беа изведени македонски и израелски дела.

На настанот му претходеше и македонско-израелска изложба на фотографии од авторите Карие Харт и Љупчо Благоевски. Настанот беше во организација на македонската Амбасада во Израел, а со поддршка од Министерството за култура на Македонија.

Скопскиот дувачки квинтет утре ќе настапи во Италијанско-еврејскиот музеј во Ерусалим, каде ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе бидат изведени дела од Хајдн, Фаркаш, Бизе, Гершвинкако и македонски и израелски автори.

РЕКЛАМИ:
Loading...