Home КУЛТУРА Настани Концерт на „Танец“ по повод 23. Октомври

Концерт на „Танец“ по повод 23. Октомври

SHARE

Во рамки на програмата за одбележување на 120 години од Денот на македонската револуционерна борба, вечер во Музејот на македонската борба – Скопје концерт ќе има Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Концертот „Песни за јунаците“ е мултимедијален проект со оркестар, пејачи и видеопрезентација. Ќе гостува оркестарот „Чалгии“, а наратор низ приказната ќе биде актерот Роберт Велјановски.

Програмата за одбележување продолжува и во вторник, со изложбата „Балканските војни во Македонија-1912-1913“, во организација на Музејот на Куманово. Автори се д-р Александар Трајановски и д-р Зоран Тодоровски. Изложбата ќе биде отворена во 12 часот во Музејот на македонската борба – Скопје.

Во вторник, со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба ќе биде промовирана книгата „Автономистичката ВМРО на Тодор Александров 1919-1924“, од авторот д-р Зоран Тодоровски.

РЕКЛАМИ:
Loading...