Home INFO Космонаутот Баз Олдрин реши на 93 години да си ја проба среќата...

Космонаутот Баз Олдрин реши на 93 години да си ја проба среќата со нова невеста (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Очигледно дека космонаутот Без Олдрин не размислува да ја живее староста како и сите на негова возраст туку едноставно пред крајот на животот реши повторно да си ја проба брачната среќа.

Познатиот космонаут Баз Олдрин, пилотот на мисијата „Аполо 11“ и вториот човек кој чекорел на Месечината по Нил Армстронг во 1969 година, на својот 93-ти роденден по четврти пат стапнал на лудиот камен.
Добивај вести на вибер

„Возбудени сме како тинејџери кои побегнале од своите родители за да се венчаат“, напиша Олдрин на Твитер.

На 20 јануари, космонаутот се ожени со својата долгогодишна избраничка, докторката по хемиски инженеринг Анка Фаур, извршен потпретседател на „Buzz Aldrin Ventures“, пренесува BBC.

„Аполо 11“ беше лансиран на 16 јули 1969 година со екипаж составен од тројца космонаути: Нил Армстронг, Едвин Баз Олдрин и Мајкл Колинс.

На 21 јули 1969 година, Нил Армстронг стана првиот човек што стапнал на Месечината, а набрзо му се придружил и Баз Олдрин.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------