Home СПОРТ Кошарка Костоски, трето засилување за МЗТ Скопје

Костоски, трето засилување за МЗТ Скопје

SHARE

Македонскиот репрезентативец Александар Костоски е нов член на актуелниот првак МЗТ Скопје.

Тој е третото ново име во тимот од Аеродром по Урош Лучиќ и Џастин Рејнолдс, а треба да биде огромно засилување за плејмејкерската позиција.

Последните две сезони Костоски ги помина во Куманово, но уште во јануари интерес кон него покажа раководството на МЗТ Скопје Аеродром. Откако не успеа во обидот да го донесе, го ангажираше Ефтим Богоев.

Сега Костоски потпиша договор на две сезони и се очекува да биде големо засилување за тимот кого го очекува мошне напорна сезона.

Александар Костоски почна да игра кошарка во школата на Работнички, но како исклучително талентиран на 16 години се пресели во францускиот гигант По Ортез. Во 2006 година се врати во Работнички по што следуваа епизоди во Гравелин и Брашов, а од 2009 година е во домашното првенство играјќи за Вардар, Торус и Куманово. Лани беше еден од најдобрите играчи во Лигата, одведувајќи го Куманово до финалето на Купот на Македонија.

По трансферот на 25-годишниот Костоски, новиот тренер на МЗТ Скопје, Влада Вукоичиќ летово ќе донесе уштее ден кошаркар со што ќе го комплетира тимот за новата сезона. Во неа, македонскиот првак ќе се натпреварува во АБА лигата и Еврокупот, а во вториот дел ќе се приклучи на домашното првенство.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ: ---