Home INFO Кралското семејство пред нервен слом: Сите скандали на принцот Хари

Кралското семејство пред нервен слом: Сите скандали на принцот Хари

реклама:G Natural

Денес Хари е грижлив сопруг и татко, но не толку одамна, принцот важеше за проблематичен дечко со тенденција да ги доведе до нервен слом членовите на неговото семејство.

Пред да ја запознае Меган, Хари бил бунтовник, журкаџија и освојувач на русокоси девојки.

Еден од најголемите скандали поврзани со Хари е оној кога е фатен како гол се забавува во Вегас. Хари се фотографирал гол во друштво на своите пријатели, со чаша алкохол на брадавицата. Ова го разлути кралското семејство, па додека папраците задоволно триеја раце, бабата кралица експресно го повлече својот разуздан внук назат во палатата.

Хари честопати бил забележан во дискотеките во видно пијана состојба, а неговото обезбедување честопати го спречувало да направи инцидент.

Познато е и неговото бакнување со девојки, особено русокоси убавици во јавност, што не е во согласност со кралските норми на однесување.

Сето ова е неспоредливо со скандалот кој црвенокосото момче и го приреди на монархијата во 2005 та, кога на една приватна забава се појави во нацистичка униформа.

Подолг период принцот Чарлс вработувал луѓе кои биле задолжени да спречат Хари да излегува на насловните страници во алкохолизирана состојба.

Во меѓувреме, Хари се дружел по ноќните клубови и со Кание Вест и Пи Диди, а со започнување на врската со актерката Меган Маркл, неговиот живот потполно се променил.

Меган успеа комплетно да го смири и да го оттргне од алкохолот и забавите, но истовремено го одвои и од неговото семејство.

Сега кога ја нема титулата принц, можеме само да се надеваме дека нема да им се врати на старите пороци.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“