Home ШОУ БИЗз Филм Крис Купер ќе биде негативец во Спајдермен 2

Крис Купер ќе биде негативец во Спајдермен 2

SHARE

Оскаровецот Крис Купер и се придружи на екипата за продолжението на филмот „Amazing Spider-Мan“ на режисерот Марк Веб.

Тој ќе го глуми ликот на Норман Озборн, кој во стрипот на Марвел од авторите Стен Ли и Стив Дитка, му беше ментор, а подоцна непријател на Питер Паркер (Ендрју Гарфилд) и алтер его на Зелениот Гоблин.

Оваа улога на главниот негативец во претходната Спајдермен трилогија ја играше Вилијам Дефо.

Во овој проект на компанијата „Columbia Pictures“ ќе глумат и Ема Стоун (Гвен Стејси), Џејми Фокс (Електро), Пол Гиамати (Рино) и Шајлин Вудли (Мери Џејн Вотсон).

Сценаристи на филмот се Алекс Куртцман, Роберто Орки и Џеф Пинкнер.

„The Amazing Spider-Мan 2“ во кината се очекува на 18 април 2014-та година.

РЕКЛАМИ:
Loading...