Home INFO Културно лето во Општина Кисела Вода: Над 15 000 посетители уживаа во...

Културно лето во Општина Кисела Вода: Над 15 000 посетители уживаа во фантастичната атмосфера

реклама:

Вчеравечер,околу 15 000 посетители уживаа во фантастичната атмосфера на првата вечер од Културното лето на Општина Вода, која го слави и својот 68-ми роденден.

Настанот го отвори DJ Mats а веднаш по него,незаборавен концерт одржаа 2 Бона, чии песни наизуст ги пееше целата публика.

Паркот во Расадник ечеше од добра музика и одлично расположение по кое ќе се памети оваа вечер.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше присутен во публиката најави дека вакво расположение и посетеност се очекува сите 4 фестивалски вечери кои од синоќа до 29 јуни ќе се одвиваат на две локации.

Денес, петок 23 јуни, Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер.

Од 20 часот настапуваат КУД Китка, од 21 часот Сузана Спасовска, додека од 22 часот па се до крајот на вечерта концерт ќе има Миле Кузмановски.

Во “Бескрајната приказна која станува се’ подобра” во сабота ќе се запишат и Жаре Бербер и хрватскиот романтичар Петар Грашо, а следниот четврток и групата Нокаут, на која ќе претходи музички сет на DJ Mats.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------