Home LIFE STYLE Храна Ладна супа со краставици (рецепт)

Ладна супа со краставици (рецепт)

Ладно освежување за денешниот ручек.

Потребно е: 2 краставици, 400 мл јогурт, 2 лажици сок од лимон, 1 чешне лук, 1 лажица рен (од тегла) сол, по вкус, бибер, мелена црвена пиперка или чили пиперка, малку маслиново масло

Подготовка:

Краставиците излупете ги и исецкајте ги на коцки. Во блендер ставете ги краставиците и изгмеченото лукче и иситнете ги убаво. Додадете ги ренот и јогуртот, зачинете по вкус и уште малку изблендирајте.

Супата ставете ја во фрижидер убаво да се излади. Ставете ја во чинии, зачинете дополнително по вкус, искапете малку со маслиново масло и послужете.

Повеќе рецепти на hitkujna.com.mk

Ладна супа со краставици

РЕКЛАМИ:
Loading...