Home КУЛТУРА „Лебедово езеро“ на мраз ја воодушеви публиката во МОБ

„Лебедово езеро“ на мраз ја воодушеви публиката во МОБ

SHARE

Државниот балет на мраз на Санкт Петербург, со грандиозната претстава „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски, во саботата и во неделата ги воодушеви присутните во Македонската опера и балет.

На сцената имаше поставено мраз, односно еден вид лизгалиште на кое танчарите ги изведуваа своите точки и специјална опрема која не дозволуваше мразот да се растопи.

Врвната кореографија, грациозноста на танчарите како и одличната сценографија од минута в минута предизвикуваа сè поголемо воодушевување кај публиката.

балет

Ова беше првпат во Македонија да гостува Државниот балет на мраз на Санкт Петербург, кој е основан во 1967 година од истакнатиот кореограф Константин Бојарски и музичкиот директор Лео Корхин.

Поради огромната заинтересираност за претставата, беа закажани две претстави и за 17 декември, односно четвртата во 13 часот.

Претходните три изведби: на 16 декември во 21 часот, и на 17 декември во 18 часот и во 22 часот беа рекордно распродадени.

балет

РЕКЛАМИ: ---