Home INFO Лепа Брена за најмрачните моменти од својот живот: Од ништо повеќе не...

Лепа Брена за најмрачните моменти од својот живот: Од ништо повеќе не се плашам!

реклама:G Natural

Популарната пејачка веќе 35 години е на врвот на музичката сцена во регионот, и ниту во еден момент нејзината популарност не била загрозена.

И кога ги имала најтешките моменти во својот живот, Брена се држела достоинствено и се обидувала јавноста да не дознае за кошмарот кој го проаѓала.

Имено, пејачката го преживеала киднапирањето на нејзиниот син Стефан, немил настан за кој и денес, по осумнаесет години таа нерадо се присетува.

” Мислам дека сите свои стравови ги доживеав тогаш кога требаше. Мојот прв страв датира од училишните денови, кога бев петтоодделенка и требаше да пеам. Умирав од страв. Со првата победа, моите стравови исчезнаа. Јас сум жена која го преживеа распадот на Југославија и киднапирањето на сопственото дете. После тоа повеќе од ништо не се плашам. Имав и тешка болест. Но мојата задача е да ги правам луѓето среќни, да ги радувам со убави вести, така да за стравот не треба да дискутирам” – изјавила Брена за српски Курир.

За потсетување, пејачката пет дена не знаела каде е нејзиниот син Стефан а киднаперите барале 2.5 милиони марки за да и го вратат детето.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“