Home ЗАБАВА Занимливости Лифт обложен со „Јафа“ колачиња

Лифт обложен со „Јафа“ колачиња

SHARE

Вработените во една британска компанија однеодамна можат да се возат со посебен лифт кој се „јаде“.

Компанијата „Енџин“ сакала да ги израдува своите вработени, па во својата зграда во Лондол вградила лифт чии ѕидови се обложени со „Јафа“ колачиња.

На прехрамбените техничари и на дизајнерите им требало еден месец за опремување на овој единствен лифт чија основна задача е да ги ослободи вработените од насобраниот стрес.

[pullquote_right]Лифтот е прекриен со 1.325 „Јафа“ колачиња кои можат да се лижат за време на возењето, а кои потоа, од хигиенски причини, се заменуваат со нови.[/pullquote_right]

Од компанијата Меквити која ги произведува популарните колачиња, велат дека инспирацијара за лифтот, кој е дел од нивната најнова рекламна кампања, ја пронашче во филмот „Чарли и фабриката за чоколадо“.

– Сакавме да внесеме малку забава во животот на вработените, изјавила менаџерката.

– Се надеваме дека ќе ги развеселиме луѓето и ќе им дадеме желба да купат „јафа“ колачиња, додала таа.

Погледнете како тоа изгледа

РЕКЛАМИ:
Loading...