Home LIFE STYLE Љубов и секс Лоцирана Г-точката!

Лоцирана Г-точката!

SHARE

Еден доктор тврди дека успеал да ја пронајде познатата Г-точка, а причината зошто било тешко да се открие досега лежи во нејзината големина која изнесува 8,1мм со 3,6мм и 1,5мм.

Еден американски гинеколог тврди дека ја пронашол Г-точката – центарот за задоволство кој се наоѓа на предниот страничен дел на вагината – иако многумина сметаат дека се работи за непостоечки, фантомски дел од женската анатомија.

Во студијата објавена во Журналот за сексуална медицина, Адам Остженски тврди дека го потврдил присуството на Г-точката откако од леш на 83-годишна жена извадил мала „кесаста структура“.

„Студијата потврдува анатомско постоење на г-точката со што може подобро да се разбере и да се подобри женската сексуална функција“, изјавил Острженски кој работи на Институтот за гинекологија во Сент Петерсбург, на Флорида.

Уредникот на журналот, Ирвин Голдстајн изјавил дека ова откритие „допринесува кон се поголемата литература за сексуалната анатомија и физиологија на жената“.

Г-точката, именувана по германскиот гинеколог Ернест Графенберг кој прв пат го споменал неговото постоење во 1950 година, наводно е особено осетлив дел од вагината кој, кога е стимулиран и овозможува на жената да доживее силен оргазам.

[pullquote_right]Точната локција на Г-точката до скоро беше тема на контрадикторности и шпекулации, а многумина и понатаму се сомневаат за нејзиното постоење.[/pullquote_right]

Критичарите сметаат дека ниту последното „откритие“ не докажува ништо и дека Г-точката само пружа возбудување кај некои жени и дека важност и придаваат само некои произведувачи на секс играчки.

„Се работи за еден случај и дискреција на телото на една жена чии сексуални искуства за нас се непознати“, изјавил секс истражувачот Деби Хербеник во критиката објавена во онлајн магазинот „Дејли Бист“.

„Дали уживала во вагиналната пенетрација? Дали сметала дека стимулацијата на Г-точката е пријатна или еротска или сигурен пат до оргазам? Не знаеме“, наведува Хербеник.

Истиот журнал во 2008 година објави статија на еден италијански стручњак кој со ултразвук ги снимал вагините на 9 жени кои тврделе дека доживуваат вагинални оргазми и 11 кои не го доживувале тоа.

Студијата заклучила дека извесна анатомска структура постои, но дека ја имаат само некои жени.

Критичарите тогаш рекле дека не е јасно дали наводната Г-точка е нова структура или само продолжение на клиторисот.

Хербеник смета дека ниту новата студија не дава одговори на ова прашање.

„Не знаеме колку жени имаат слична структура. А сосема сигурно не знаеме дали таа структура има било каква врска со Г-точката, сексуалното задоволство, еротската сензација или оргазмот“, навела таа.

РЕКЛАМИ:
Loading...